среда, 19 ноември 2008

Темницата

Што е со тебе човече.
Тебе човече,
седнат во ќошот
не мрднуваш.
Се плашиш да се осмелиш
да и шепнеш на темницата.
Иако си сам со неа
иако и плачеш на рамо.
Но толку е густа,
те задушува,
ти влезе во душата,
го распара твоето срце,
ја избриша ,
сета твоја топлина.
Ти остана едно,
моли се,
моли се за тебе,
моли се за да бидеш спасен,
моли се за темницата,
да не ти остави печат,
во душата.

сабота, 19 јули 2008

куче ѕенѕач

http://youtube.com/watch?v=kMkZ9KlMO_M&feature=related

петок, 18 април 2008

TИТО

Митот наш легендарен

Тито се вика.

Баба ми уште на ѕидот има

негова слика

Гордо со законот свој

на голи оток да беше жив

ќе ме пратеше тој

Комунистите негови

секогаш спремни

кој прв да му го пуши

во собите темни

Сега луѓево наши плачат

Го нема Тито

За жените нивни

јајцата да му ги квачат.

Митот наш Тито се вика

Сите имаме негова слика

Друштво почитувачи направија

на гробот венец му оставија.

За штафетата на младоста се тркаа

На убавите спомени на Тито дркаа

На одморите на море

се сеќаваат често .

На плажите полни со витки жени

како за зелник тесто.

четврток, 10 април 2008

вторник, 8 април 2008

ДА СИ ГО ЗАЧУВАМЕ ИМЕТО - ПЕТИЦИЈА


Луѓе кликнете овде и потпишете се на петицијата за зачувување на нашето име МАКЕДОНИЈА

понеделник, 7 април 2008

НИКОЈ НЕМА ВЧАРШИЈА

Се беше току многу необично што дури и птиците пееа некако... односно никако, ми се чинеше дека пеперутките летаат однопаку, скакулците скокаат наназад, сите се скриле во темните одаи на своите домови па и згора на тоа дури ги спуштиле ролетните. Многу запрепастувачки делуваше цела улица. Или пак можеби не беше нешто во ред со мене, можеби бев неубаво расонет не е важно но важно е тоа дека нешто се случуваше. Тек тук се појавуваше по некоја љубопитна глава од некоја храбро подотворена ролетна, но сите тие погледи брзо и со зачудување завршуваа назад во темницата на одаите.

Јас само продолжив да чекорам по удолницата која ми го забрзуваше чекорот за дупло од нормалното движење на мојот средно флегматичен од, со надеж дека како што ќе се расонувам така и ролетните ќе почнат да се креваат, птиците ќе почнат да пеат нормално, скакулците ќе скокаат нанапред и сите други чудни работи ќе престанат. Но се лажев како што одев надолу и како што поминуваше времето се поспуштени ролетни гледав и се повеќе ми се мрачеше. Застанав, го пресметав времето кое го преспав, се преслушав самиот што правев предходниот ден и одкако заклучив дека сум спиел најнормално и дека сум легнал трезен остана причината да ја барам во останатите работи и случки.

Стигнав до центарот за каде и бев тргнат за да си го испијам денското кафе но таму ме дочека уште по сомнителна ситуација, се затворено и се како да беше паузирано или пак како да се спремаше некој нуклеарен напад па сите беа цврсто убедени дека веќе стигнал крајот на светот. Апокалипсата беше тука за многумина. Посакав да видам што се случува во многу од тие темни одаи каде луѓето си беа скриени и со љубопитност гледаа низ шпиунски подотворените ролетни. Можеби некој се молеше за спас на својата душа, а пак некои сигурно го доживуваа последниот секс пред апокалипсата која навидум не очекуваше според изразите на нивните лица.

Ми се јави повторно сомнеж за тоа дали сум расонет или пак можеби сеуште спијам па ова е еден од забеганите сонови кои во последно време како по навика се кај мене навраќаат за да ме збунат на било каков начин. Почнав да се штипкам по образот да видам дали сонувам. Не знаев како делува штипкањето на сон а како на јаве па се откажав од тоа. Решив, ако е сон ќе го досонувам а ако е јаве ќе го доживеам.

Но сеуште ме копка, ме јаде едноставно што е причинава за сето ова, и зошто сите толку чудно и со сожалување ме гледаат. Не е можно нешто да се случува а јас да не бидам информиран.

А веќе кога ми текна на информираноста, ми текна дека една недела веќе немам излезено од дома спремајќи испит, пак ни гледав телевизија или уште помалку прочитав весник. Со таа мисла се ми стана барем малку јасно.,, Значи се случува нешто а јас не сум информиран за тоа.” Побрзав кон дома. Истите врапчиња исто пееа, никако, истите пеперутки исто летаа и истите скскулци скокаа наназад и истите ролетни беа спуштени ама се повеќе и повеќе. Влегов дома, побрзав да го најдам далечинскиот управувач и да видам што се случува.

Веќе се ми стана јасно како ден. А токму тој ,,ден” бил толку ненормален само бидејќи имало затемнување на сонцето. Рашив да си пуштам музика и да почекам се да си се врти во нормала, пепетутките да почнат да летаат нормално и скакулците да скокаат нанапред и ролетните да се кренат и се останато да биде нормално. Само една мисла ме гонеше. Дали мене ме поремети тоа затемнување па јас ќе почнам да летам наопаку и да скокам наназад и да ги спуштам ролетните среде бел ден?

недела, 6 април 2008

МУАБЕТ

Сериозноста на секој муабет можеш да ја прецениш… но малку потешко на оној кој цело време гледа широко, а зборува длабоко, слуша безцелно, а неговиот изоштрен мирис би препознал и чиј гас т.е. од чиј стомак излегол гасов што неколку денови ми се вртка низ собава. А пак како за беља надвор застуди па луксуз ми е да излуфтирам-проветрам. Е тој човек, не тој кој си го оставил своето невидливо наследство во мојата соба, туку онај другиот, кој ќе препознае, еден ден ме запрепасти со неколку негови реченици. Едноставно ме остави без слогови, зборови и понатаму било каков вид посложени видови на говорни дела. Цела работа е во тоа што во неколку наврати, на секја програма на телевизија, на секои можни вести, кажуваа за најактуелната случка на денот. Не е битно дали беше лоша или добра, ама беше запрепастувачка. Не можев да си го соберам срцето ни умот од што ми се разлета по тавани и покриви, ко дедо мраз. Следната реченица беше кажана на телевизија: компетентноста на Трајко Велинов во извршувањето на должноста генерален секретар и помлад кафекувар, била доведена во прашање бидејќи на нераспишаниот оглас за примање на помлади кафе пијачи со завршен воен рок (безразлика дали во касарна или планина битно во нашата држава(а предност се сметало лузна о бричење за време на служење војска)) се пријавиле премногу пијачи кои најсовесно и најстручно би ги извршувале своите работи и задолженија, но и тука како за беља на овој конкурс повеќето пијачи биле пијачи на чај. Е сега ударното во целата вест е тоа што партијата ЛиДеПа препозна корупција во суштината на целиот процес од самиот корен провлечен низ министерството за земјоделство низ субвенциите за шеќерна репа, па до секторот за национална безбедност на Бугарија и назат до нашиот помлад кафекувар. Имено семенскиот материјал за посевите со шекерна репа кои традиционално државата го набавува од соседството, оваа година се направило грешка па наместо за шекерна репа било купено семе за маслодајна репа за која субвенциите се барем за два пати повисоки од шеќерната. Дотичниот Трајко Велинов кој инаку бил акционер во фабриката за масло „маслодајна & цо.“ користејќи ги овие сознанија ја злоупотребил својата положба во општеството и е обвинет за тешки кривични дела по здравјето и менталната состојба на неговите соработници и претрпени трауми на мачката од соседната канцеларија. Ова обвинение му е натоварено пораби ужасната состојба во неговата канцеларија, а посебно поради неговиот сервис со филџани за кафе кој не можеше да го пренамени во филџани за чај, а и кога успеваше не беше како што треба бидејќи масниот шеќер (види погоре зошто) не се чисти така лесно.

Судското рочиште трба да биде закажано наскоро но како и во секој корупциски скандал мора да има препрека, во овој случај беа две на број. Првата беше неговиот пасош и државјанство од Доминиканската република, а втората и најголема причина беше имунитетот кој му беше стекнат од двата Депопени кои ги доби при неговото назначување на оваа должност. Сето траеше со часови пред портите на случајно затекната куќа со бела порта и натпис нешто во врска со Траѕпаrecy некоја интернацинала и тн. Пред која се појави господинот Јане Макароли и мафташе со некои бели листови кои очигледно беа рецептите од депопените и по некој упат од матичната, и викаше „Ова е невидено“ „Скандал за поредокот и мултивитаминоста на нашата држава“ „Ќе кажам кај тетка ми од америка која и онака е секако тука па ќе видиме на каде ќе тргне целава оваа работа, да видиме после какви луге и со кои критериуми ќе ги одбираме луѓето кои го варат кафето“………… Драги гледачи ја пркинуваме програмата за да ја соопштиме веста на денот: Америка го нападна Иран- црвеното копче е стегнато- ракетите ќе летаат над нашите глави но не плашете се нас не брани големиот брат бидејќи имаме прекрасни добрососедски прекуатлански односи со него. Да живее големиот брат. Оо, голема грмушко биди ни водич но немој само да го вклучиш авто пилотот оти ни е страв од височина.

И како што рековме на почетокот. Се проценува сериозноста на секој муабет така и овој ако си стигнал до оваа реченица тогаш треба да поработиш на проценката. Бидејќи моево џабе потрошено време е стварно за џабе бидејќи немам што да работам, а ти белки имаш попаметна работа.

сабота, 5 април 2008

Еве изјава на еден грк

Nick the Greek wrote:
R.O.M. should unite with HELLAS.
To prevent outsiders meddling and promoting their
agenda in the balkans.
We should unite with them.This will solve the name
dispute.They can then call themselves macedonians.

I agree with you that we should unite, and I have a proposal for what flag we should choose. In fact look at the picture. Me, as real Greek agree that we are not similar with makedons I mean argeads, they only concored us and ruled with us. Acctually we are a mix from people from Anatol, Egypt and Ethiopia. Let's be real we always had forign rulers throughout hysitory. They were from english, german or turkish origin. My final proposal is to become one with r.o.m. and than we can say we have something in common with the strong and blond Alexandar Macedonian

текстот можете да го најдите на следниот линк

БОЈКОТ И ШНАЈДЕРКИ

И јас сум уште еден поддржувач на БОЈКОТот на се што е грчко во Македонија. Арно ама никако од памет да ми излези тоа како тогаш ќе заработат за леб едно 30% од населението во Македонија. Сакале неќеле мора да признаеме дека како метастази се проширени грчки шнајдерски фирмичиња кои ги цицаат последнике капки пот на измачената „работничка класа“.
Значи ако сакаме да им направиме бојкот на џупциве под нас треба малце да помислиме на образованието на младите односно, појде шо појде курбан генерацијата кои сега имаат по 40-50 години ама нека не оди така лесно нашата генерација. Имаме еден куп шнајдерки и шнајдери оти немаат што да работат друго, ама и плус тоа не ни знаат друго. Тоа е лошото, уствари не е лошо да си шнајдер ама да рботиш во фирми што ти го ценат трудот и за кои нема да добијаш чувство дека сакаш да ги бојкотираш бидејки се од земја која ти става вето на правото да бидиш тоа што си и од секогаш си бил.

Туку остај тоа и онака комшииве под нас ама буквално се зависни од ЕУ и нејзината социјална помош за нив, јас предлагам владите во Македонија да се залагаат за што побрз влез во ЕУ и после влезот што побрзо да ја распадниме, па после си ја имаме Америка и да си станиме дел од САД и како што викаат стари „Капата настрана“. Е после Џупциве како џупци што ќе прават. Па се знај или ќе питаат или ќе крадат.

петок, 4 април 2008

METAL DOG
gledajte go pesov

ЧОВЕКОТ СО ВОДА ВО КОЛЕНОТО

Многу луѓе имаат најразлични болести,заразни или не,излечиви или не.чудни или пак смешни. Факт за сите тие луѓе е тоа дека си носат една мака со нив што ги тера да помислат на доктор но не и да појдат оти не веруваа во таа институција.Сите некако почнаа се повеќе да веруваат на други институции како надрилекари, тријачи, еќими, биоенергетичари и ред други институционализирани мајстори за здравје.

Редови и редови се правеа пред вратите. Кој со реума, кој со шинат врат, кој со чир на желудникот има дури и со рак, а за со сида сеуште не сум слушнал. Некои излегуваа со весели лица демек им се нашол лекот, други тажни, а најинтересни се тие кои излагуваат со весели а незадоволни лица. Да да за нив се нашол лекот ама за лекот платиле убава сума.

Пред една таква врата на дрвено столче без потпирач седеше една баба налик на нинџа од јапонско американските филмови. Мислиш си ја превиткала ногата на снимање па дошла на тријач да ја среди.Нејзина сабја беше дрвеното кафеаво бастунче кое и го изделкал учителот т.е. дедото од некоја ореова гранка а по погледот и се познаваше дека е убиствено расположена. Колку и да сакаше да скрие по подвижноста и се познаваше дека набрзо ќе стане самурај, па бастунчето ќе го замени со патерица,односно помоќна сабја.

Во целата таа гужва и турканица пред вратата таа ја збележа својата лута соперничка, соседката од другата страна на улицата која исто така наликуваше на нинџа но оваа повеќе беше накај родот хипи нинџи нејзината шамиија беше со цветови а и целото кимоно што го носеше беше цветно. Безразлика хипи или не и таа си ја носеше својата сабја

-Аха и ти дојде, натемате?!-фрли една од нинџиските проклетства врз соперничката.

-Гледаш како е кога не знаеш да си ги воспитуваш своите потомци?-врати хипи нинџата-Јас ги разбркував бидејќи тоа што го првеа беше опасно оружје за нашиот род а видиш ти баш ти која ми се лутеше го осети тоа и се лизна нели? Така до бесконечност траеше нивната борба. А пак на спроти нив седеше еден помлад човек со болен израз на лицето и поглед свртен во својата нога на која се надеваше дека после доброто триење од надрилекарот ќе може да си појди дома пеш и да го земи синот да го однеси на блискиот рид за да се санкаат по падините. Кутар човек и кутро дете што чекаше на татка си да се врати. Не знаеа тие дека вода во колено не се лечи баш така брзо и со триење.

МАЛКУ ДА ОДМОРИМЕ ОД ГРЦИТЕ И НАТО

Доста им беше

четврток, 3 април 2008

HELLASS


HELLASS

ВЕТО

Грците ни закачија вето за во НАТО. Зрем не е пркрасно, сите реторики и сите нивни приказни за тоа кој е и што е паднаа во вода. Горд сум што си го носам името МАКЕДОНЕЦ па безразлика дали во нато или на марс.
Сега мора да се охрабрат Македонците од Егејот да се здружат и заедно со поддршка од матицата да поднесат граѓански тужби до судот за човекови права за да си ги добијат имотите назад (се разбира оние за кои имаат документи, а се надевам такви има многу).

Цел ден, а после промаја

Среда. Убав ден.

Цел ден пазар,

ама не одам јас на пазар.

Сонце или облаци, одбериси ти.

Рефрените што ги слушам

не толку познати.

Време ручек, накај вечера.

Се срчам за излегување на кафе

или не...

,,Тешко е да се одлучи’’, си велам.

Одлуката сепак паѓа на лице место.

Вечер. Тивка или ветровита,

одлучи ти.

Консултација и одлука,

на лице место.

Алкохол. Одлука, донесена.

Донесена по цели 45 скунди одлучување.

Пат накај дома. Угорница или рамно.

Како сакаш...

Дома, фотеља пред биро.

Сон прекрасен на неа нескајќи,

најсладок.

5 сабајле. Вкочанет врат,

Глава како тапан,

и кожа што на цимет...

Не не, грешка.

И рака како во гипс ставена.

А пенџерето до мене ширум отворено.

ТЕОРИИ

Започна ли кога беше мал или пак не.Можеби започна во гимназијалските клупи, каде ретки му беа истомислениците па мораше да се преправа дека и тој прпаѓа на тој вид на општество кое од сесрце го мразеше.Поредок од типот на сонувачи на милионски суми енормна слава напредок на светот до степен на ,,совршенство’’ дури и над Бога семоќниот за кој и се бореше тој. Се некако се чувствуваше отфрлан од тогашните комунистичко настроени професори.

-Што знаеш ти?- Беше најчесто употребуваната фраза на професорите.

-Кој те учеше така? Баба ти ли?

-Ама професоре зошто не ме доислушате, барем кажете го вашето мислење за тоа што јас го имам да го кажам па потоа слободно исфрлете ме од часот.

Повеќето од професорите го сметаа за скапаница за дете на кое учењето не му беше омилена работа, тој и изгледаше како да нема омилена работа освен седење и безцелно мислење. Уживаше да пие кафе и пуши цигара само во едно кафуле, било сам или со било кој. Ако беше сам тогаш разлистуваше весник, ако не тогаш обожаваше да полемизира околу темите кои и не се така блиски до народот. Го собираше знаењето и незнаењето на своите соговорници, како да го пикаше по џепови а потоа дома чепкајќи ја својата ретко чешлана коса која до полу му го покриваше лицето ги разработуваше на начин кој само тој можеше да го разбери.Не дека беше многу сложен, туку премногу прост за да може да се сети некој друг на такви работи. Од нив правеше теории од кои некои и немаа некоја смисла но во секој случај тој се гордееше на нив и неуморно ги докажуваше иако и самиот знаеше дека не држат место таквите глупости. Едноставно му беше интересно да биде во спротивставен разговор па мораше да биде многу креативен во таквите теории за да може да си ја задоволи својата желба за конфликт. Како за чудо и често беше победник во таквите разговори.Можеби дека желбата секогаш е на негова страна или пак другите се откажуваа поради инатот кој упорно го прикажуваше и го потхрануваше со секоја спротивставена реченица.

Како си поминуваа деновите така теориите се множеа до бесконечност. На памет му идеа теории како таа дека има свет на земјата , но не овој свет што го гледаме туку во други димензии настрана од нашите три, и дека во тој свет живеат строго џуџиња кои ги прават сите бељи кај нас со цел да не уништат и да ни ги завземат и овие наши три димензии.Друга теорија беше таа дека можело да се направи звукот да патува со брзината на светлината ако се пренесува преку оптички кабел. И на најчестото прашање,, Како би се извело тоа” одговараше ,,тоа ќе си ги прашате лицата стручни во таа област”.

После сите тие размислувања и ,,творби” реши да одмори малку бидејќи имаше намера да стори нешто важно нешто што никој до сега не се обидел да го стори во тоа комунистичко време кога сите веруваа во тоа што ќе им се пишеше во книгите и кога најчитана книга беше ,,Светот за Тито”. Па нормално тогаш луѓето немаа време да се занимаваат со малку духовни работи. околу тоа дали постои Бог или неговото постоење заврши со почетокот на комунизмот. Тито му рекол ,, Дедо боже тебе доста ти беше сега јас го водам стадово ти одмори малку од слепциве оди занимавај си се ти со останатине стада по светов”. Баш тогаш реши да побие некоја световна-научна теорија.Деноноќно пребаруваше по сите книги кои ги имаше дома, по ситесписанија и учебници и конечно реши да се зафати за најтешката за таа како настанал светот. Таа некако најмогу го иритираше. Посебно кога некој се правеше многу паметен ако ја прочитал некаде таа теорија па упорноја расправаше како тоа да е најбитниот дел на човековото постоење. Иако некои и немаа поим што занчи поимот Коацерватна капка и од каде тоа никнало.Сите си го толкуваа на различен начин.Пијаница би рекол дека таа Коацерватна капка е главниот виновник за тоа што постои алкохолот бидејќи е составена од 90% алкохол, доктор би рекол дека е водена капка , па затоа луѓето добиваат вода во коленото, а пак филозоф би рекол дека тоа е капка разум од кој најголем дел придобил човекот па затоа е разумно суштество.

Тој едноставно го прескокна своето мислење за таа капка и ја прифати таква каква што беше прикажана, но се фрли на понатамошниот развиток на тогаш вжештената топка.

-Страница четириесет и прва ? Слушаш?-Професорот веќе неколку минути се обидуваше да го привлече неговото внимание

-Молам?

-Страница четириесет и прва да ја научиш лекцијата на таа страна. Наредлиот час ќе ја предаваш пред цел клас?

Рамнодушно прифати без да погледни во учебникот и си замина низ зачадениот ходник на кој едвај му се гледаше крајот од чадот од цигарите кои ги пушеа учениците во тоалетите кријајќи се од професорите. Крајот од ходникот занчеше и крај за неговата задача зададена од професорот бидејќи повеќе од сигурно беше дека ќе заборави да ја отвори книгата. По неколку минути се врати но не во училницата туку во тоалетот каде мирно изваде една недопушена цигара која ја беше изгаснал на пола претходниот одмор и ја запали длабоко вовлекувајќи го чадот низ своето танко долго тело, чиниш влезе чад до најтесните делови на таа фигура.

-Велиш Англиски ќе ти пише петка а? му се обрати на другарот до него-Ако, ако, ашколсун аферим ќе ти речам. Можеби и биологија ќе земиш петка, ако, вие само учете си.

Од училиште замина право во паркот каде си ги полнеше батериите со нови никотински полнења и од тука си појде дома. Влезе во својата вечно несредена соба и почна со своето размислување.

Брзо дојде денот кога тој требаше да ја предава лекцијата од страна четириесет и прва иако тој заборави на тоа.

-Ајде јунакот наш да стане и да го презентира наученото.-професорот само си ја вршеше својата должност. а и исто така мислеше дека ќе си ја заврши должноста со тоа што ќе му пише единица за ненаучениот материјал.

-Ама професоре...

-Што професоре,јас фино ти реков да научиш.

- Не професоре не мислев на тоа.Може ли да се потсетам на првата реченица?-не го знаеше ни насловот

-Повели ако тоа би ти било од корист.

Е веќе кога го виде само насловот веднаш на лицето му се појавија црти радосници.Со крупни букви пишуваше ,,НАСТАНОК НА СВЕТОТ”

Се почувствува како да ги доби своите четириесет и пет минути за да го смени светското мислење и да ја побие целата наука.

Набрзина го кажа отприлика тоа што го пишуваше во учебникот и почна со својот став. Професорот во прво време не забележа но потоа го смени изразот на лицето.

Тој беше толку внесен во своето зборување што заборави дека тоа може да го чини многу повеќе од бркање на час.

-Тоа дека земјата била вжештена топка и дека била прекриена со вода го прифаќам, го прифаќам и тоа дека постоеле Коацерватни капки зоздадени од хемиските реакции и дека направиле сопствен метаболизам. Но господа овде има една дупка во теоријата, како може од капка да се добие некој облик како да речиме риба, од електричните полнежи на громовите нели така? Во ред да речиме дека тоа е така. Тогаш да ја отвориме и другата дупка.Значи од Коацерватна капка се развиле бактерии, планктони ,од планктони габи ,од габи помали животинчиња, од нив поголеми итака натаму се до човекот, нели? А кој му го дал разумот на чувекот, работата така? Епа не господине професоре работа со разум нема врска и кучињата се измениле од тогаш до сега но се измениле само физички но не добиле никаква свест или разум. Можеби и ова ви звучеше како уште една глупост истресена од мојот расштрафен мозок но тој е расштрафен бидејќи е користен. Па и онака и самиот почеток на се е лажен. Земјата не потекнува од сонцето или пак сонцето не потекнува од таа маса во која биле планетите, оти сонцето е од хелиум и водород а од каде тогаш уште сто и седум други елементи на земјата меѓу кои и златото за кого испогинале многу луѓе. Епа господа тоа е ѓаволов благослов цел живот да работите за него и на крај да умрете за него.

На ова професорот беше многу лут но повеќе збунет бидејќи не му се исполнија очекувањата тој само го зеде дневникот и го напушти часот.