среда, 19 ноември 2008

Темницата

Што е со тебе човече.
Тебе човече,
седнат во ќошот
не мрднуваш.
Се плашиш да се осмелиш
да и шепнеш на темницата.
Иако си сам со неа
иако и плачеш на рамо.
Но толку е густа,
те задушува,
ти влезе во душата,
го распара твоето срце,
ја избриша ,
сета твоја топлина.
Ти остана едно,
моли се,
моли се за тебе,
моли се за да бидеш спасен,
моли се за темницата,
да не ти остави печат,
во душата.