четврток, 3 април 2008

ТЕОРИИ

Започна ли кога беше мал или пак не.Можеби започна во гимназијалските клупи, каде ретки му беа истомислениците па мораше да се преправа дека и тој прпаѓа на тој вид на општество кое од сесрце го мразеше.Поредок од типот на сонувачи на милионски суми енормна слава напредок на светот до степен на ,,совршенство’’ дури и над Бога семоќниот за кој и се бореше тој. Се некако се чувствуваше отфрлан од тогашните комунистичко настроени професори.

-Што знаеш ти?- Беше најчесто употребуваната фраза на професорите.

-Кој те учеше така? Баба ти ли?

-Ама професоре зошто не ме доислушате, барем кажете го вашето мислење за тоа што јас го имам да го кажам па потоа слободно исфрлете ме од часот.

Повеќето од професорите го сметаа за скапаница за дете на кое учењето не му беше омилена работа, тој и изгледаше како да нема омилена работа освен седење и безцелно мислење. Уживаше да пие кафе и пуши цигара само во едно кафуле, било сам или со било кој. Ако беше сам тогаш разлистуваше весник, ако не тогаш обожаваше да полемизира околу темите кои и не се така блиски до народот. Го собираше знаењето и незнаењето на своите соговорници, како да го пикаше по џепови а потоа дома чепкајќи ја својата ретко чешлана коса која до полу му го покриваше лицето ги разработуваше на начин кој само тој можеше да го разбери.Не дека беше многу сложен, туку премногу прост за да може да се сети некој друг на такви работи. Од нив правеше теории од кои некои и немаа некоја смисла но во секој случај тој се гордееше на нив и неуморно ги докажуваше иако и самиот знаеше дека не држат место таквите глупости. Едноставно му беше интересно да биде во спротивставен разговор па мораше да биде многу креативен во таквите теории за да може да си ја задоволи својата желба за конфликт. Како за чудо и често беше победник во таквите разговори.Можеби дека желбата секогаш е на негова страна или пак другите се откажуваа поради инатот кој упорно го прикажуваше и го потхрануваше со секоја спротивставена реченица.

Како си поминуваа деновите така теориите се множеа до бесконечност. На памет му идеа теории како таа дека има свет на земјата , но не овој свет што го гледаме туку во други димензии настрана од нашите три, и дека во тој свет живеат строго џуџиња кои ги прават сите бељи кај нас со цел да не уништат и да ни ги завземат и овие наши три димензии.Друга теорија беше таа дека можело да се направи звукот да патува со брзината на светлината ако се пренесува преку оптички кабел. И на најчестото прашање,, Како би се извело тоа” одговараше ,,тоа ќе си ги прашате лицата стручни во таа област”.

После сите тие размислувања и ,,творби” реши да одмори малку бидејќи имаше намера да стори нешто важно нешто што никој до сега не се обидел да го стори во тоа комунистичко време кога сите веруваа во тоа што ќе им се пишеше во книгите и кога најчитана книга беше ,,Светот за Тито”. Па нормално тогаш луѓето немаа време да се занимаваат со малку духовни работи. околу тоа дали постои Бог или неговото постоење заврши со почетокот на комунизмот. Тито му рекол ,, Дедо боже тебе доста ти беше сега јас го водам стадово ти одмори малку од слепциве оди занимавај си се ти со останатине стада по светов”. Баш тогаш реши да побие некоја световна-научна теорија.Деноноќно пребаруваше по сите книги кои ги имаше дома, по ситесписанија и учебници и конечно реши да се зафати за најтешката за таа како настанал светот. Таа некако најмогу го иритираше. Посебно кога некој се правеше многу паметен ако ја прочитал некаде таа теорија па упорноја расправаше како тоа да е најбитниот дел на човековото постоење. Иако некои и немаа поим што занчи поимот Коацерватна капка и од каде тоа никнало.Сите си го толкуваа на различен начин.Пијаница би рекол дека таа Коацерватна капка е главниот виновник за тоа што постои алкохолот бидејќи е составена од 90% алкохол, доктор би рекол дека е водена капка , па затоа луѓето добиваат вода во коленото, а пак филозоф би рекол дека тоа е капка разум од кој најголем дел придобил човекот па затоа е разумно суштество.

Тој едноставно го прескокна своето мислење за таа капка и ја прифати таква каква што беше прикажана, но се фрли на понатамошниот развиток на тогаш вжештената топка.

-Страница четириесет и прва ? Слушаш?-Професорот веќе неколку минути се обидуваше да го привлече неговото внимание

-Молам?

-Страница четириесет и прва да ја научиш лекцијата на таа страна. Наредлиот час ќе ја предаваш пред цел клас?

Рамнодушно прифати без да погледни во учебникот и си замина низ зачадениот ходник на кој едвај му се гледаше крајот од чадот од цигарите кои ги пушеа учениците во тоалетите кријајќи се од професорите. Крајот од ходникот занчеше и крај за неговата задача зададена од професорот бидејќи повеќе од сигурно беше дека ќе заборави да ја отвори книгата. По неколку минути се врати но не во училницата туку во тоалетот каде мирно изваде една недопушена цигара која ја беше изгаснал на пола претходниот одмор и ја запали длабоко вовлекувајќи го чадот низ своето танко долго тело, чиниш влезе чад до најтесните делови на таа фигура.

-Велиш Англиски ќе ти пише петка а? му се обрати на другарот до него-Ако, ако, ашколсун аферим ќе ти речам. Можеби и биологија ќе земиш петка, ако, вие само учете си.

Од училиште замина право во паркот каде си ги полнеше батериите со нови никотински полнења и од тука си појде дома. Влезе во својата вечно несредена соба и почна со своето размислување.

Брзо дојде денот кога тој требаше да ја предава лекцијата од страна четириесет и прва иако тој заборави на тоа.

-Ајде јунакот наш да стане и да го презентира наученото.-професорот само си ја вршеше својата должност. а и исто така мислеше дека ќе си ја заврши должноста со тоа што ќе му пише единица за ненаучениот материјал.

-Ама професоре...

-Што професоре,јас фино ти реков да научиш.

- Не професоре не мислев на тоа.Може ли да се потсетам на првата реченица?-не го знаеше ни насловот

-Повели ако тоа би ти било од корист.

Е веќе кога го виде само насловот веднаш на лицето му се појавија црти радосници.Со крупни букви пишуваше ,,НАСТАНОК НА СВЕТОТ”

Се почувствува како да ги доби своите четириесет и пет минути за да го смени светското мислење и да ја побие целата наука.

Набрзина го кажа отприлика тоа што го пишуваше во учебникот и почна со својот став. Професорот во прво време не забележа но потоа го смени изразот на лицето.

Тој беше толку внесен во своето зборување што заборави дека тоа може да го чини многу повеќе од бркање на час.

-Тоа дека земјата била вжештена топка и дека била прекриена со вода го прифаќам, го прифаќам и тоа дека постоеле Коацерватни капки зоздадени од хемиските реакции и дека направиле сопствен метаболизам. Но господа овде има една дупка во теоријата, како може од капка да се добие некој облик како да речиме риба, од електричните полнежи на громовите нели така? Во ред да речиме дека тоа е така. Тогаш да ја отвориме и другата дупка.Значи од Коацерватна капка се развиле бактерии, планктони ,од планктони габи ,од габи помали животинчиња, од нив поголеми итака натаму се до човекот, нели? А кој му го дал разумот на чувекот, работата така? Епа не господине професоре работа со разум нема врска и кучињата се измениле од тогаш до сега но се измениле само физички но не добиле никаква свест или разум. Можеби и ова ви звучеше како уште една глупост истресена од мојот расштрафен мозок но тој е расштрафен бидејќи е користен. Па и онака и самиот почеток на се е лажен. Земјата не потекнува од сонцето или пак сонцето не потекнува од таа маса во која биле планетите, оти сонцето е од хелиум и водород а од каде тогаш уште сто и седум други елементи на земјата меѓу кои и златото за кого испогинале многу луѓе. Епа господа тоа е ѓаволов благослов цел живот да работите за него и на крај да умрете за него.

На ова професорот беше многу лут но повеќе збунет бидејќи не му се исполнија очекувањата тој само го зеде дневникот и го напушти часот.

Нема коментари: