понеделник, 7 април 2008

НИКОЈ НЕМА ВЧАРШИЈА

Се беше току многу необично што дури и птиците пееа некако... односно никако, ми се чинеше дека пеперутките летаат однопаку, скакулците скокаат наназад, сите се скриле во темните одаи на своите домови па и згора на тоа дури ги спуштиле ролетните. Многу запрепастувачки делуваше цела улица. Или пак можеби не беше нешто во ред со мене, можеби бев неубаво расонет не е важно но важно е тоа дека нешто се случуваше. Тек тук се појавуваше по некоја љубопитна глава од некоја храбро подотворена ролетна, но сите тие погледи брзо и со зачудување завршуваа назад во темницата на одаите.

Јас само продолжив да чекорам по удолницата која ми го забрзуваше чекорот за дупло од нормалното движење на мојот средно флегматичен од, со надеж дека како што ќе се расонувам така и ролетните ќе почнат да се креваат, птиците ќе почнат да пеат нормално, скакулците ќе скокаат нанапред и сите други чудни работи ќе престанат. Но се лажев како што одев надолу и како што поминуваше времето се поспуштени ролетни гледав и се повеќе ми се мрачеше. Застанав, го пресметав времето кое го преспав, се преслушав самиот што правев предходниот ден и одкако заклучив дека сум спиел најнормално и дека сум легнал трезен остана причината да ја барам во останатите работи и случки.

Стигнав до центарот за каде и бев тргнат за да си го испијам денското кафе но таму ме дочека уште по сомнителна ситуација, се затворено и се како да беше паузирано или пак како да се спремаше некој нуклеарен напад па сите беа цврсто убедени дека веќе стигнал крајот на светот. Апокалипсата беше тука за многумина. Посакав да видам што се случува во многу од тие темни одаи каде луѓето си беа скриени и со љубопитност гледаа низ шпиунски подотворените ролетни. Можеби некој се молеше за спас на својата душа, а пак некои сигурно го доживуваа последниот секс пред апокалипсата која навидум не очекуваше според изразите на нивните лица.

Ми се јави повторно сомнеж за тоа дали сум расонет или пак можеби сеуште спијам па ова е еден од забеганите сонови кои во последно време како по навика се кај мене навраќаат за да ме збунат на било каков начин. Почнав да се штипкам по образот да видам дали сонувам. Не знаев како делува штипкањето на сон а како на јаве па се откажав од тоа. Решив, ако е сон ќе го досонувам а ако е јаве ќе го доживеам.

Но сеуште ме копка, ме јаде едноставно што е причинава за сето ова, и зошто сите толку чудно и со сожалување ме гледаат. Не е можно нешто да се случува а јас да не бидам информиран.

А веќе кога ми текна на информираноста, ми текна дека една недела веќе немам излезено од дома спремајќи испит, пак ни гледав телевизија или уште помалку прочитав весник. Со таа мисла се ми стана барем малку јасно.,, Значи се случува нешто а јас не сум информиран за тоа.” Побрзав кон дома. Истите врапчиња исто пееа, никако, истите пеперутки исто летаа и истите скскулци скокаа наназад и истите ролетни беа спуштени ама се повеќе и повеќе. Влегов дома, побрзав да го најдам далечинскиот управувач и да видам што се случува.

Веќе се ми стана јасно како ден. А токму тој ,,ден” бил толку ненормален само бидејќи имало затемнување на сонцето. Рашив да си пуштам музика и да почекам се да си се врти во нормала, пепетутките да почнат да летаат нормално и скакулците да скокаат нанапред и ролетните да се кренат и се останато да биде нормално. Само една мисла ме гонеше. Дали мене ме поремети тоа затемнување па јас ќе почнам да летам наопаку и да скокам наназад и да ги спуштам ролетните среде бел ден?

1 коментар:

Sin рече...

Море Благој пишувај со поддршка, оти вака тој што го нема фонтот (на пр. јас)не може да чита. Izleguva ne[to sli;no na ova. :)