петок, 4 април 2008

ЧОВЕКОТ СО ВОДА ВО КОЛЕНОТО

Многу луѓе имаат најразлични болести,заразни или не,излечиви или не.чудни или пак смешни. Факт за сите тие луѓе е тоа дека си носат една мака со нив што ги тера да помислат на доктор но не и да појдат оти не веруваа во таа институција.Сите некако почнаа се повеќе да веруваат на други институции како надрилекари, тријачи, еќими, биоенергетичари и ред други институционализирани мајстори за здравје.

Редови и редови се правеа пред вратите. Кој со реума, кој со шинат врат, кој со чир на желудникот има дури и со рак, а за со сида сеуште не сум слушнал. Некои излегуваа со весели лица демек им се нашол лекот, други тажни, а најинтересни се тие кои излагуваат со весели а незадоволни лица. Да да за нив се нашол лекот ама за лекот платиле убава сума.

Пред една таква врата на дрвено столче без потпирач седеше една баба налик на нинџа од јапонско американските филмови. Мислиш си ја превиткала ногата на снимање па дошла на тријач да ја среди.Нејзина сабја беше дрвеното кафеаво бастунче кое и го изделкал учителот т.е. дедото од некоја ореова гранка а по погледот и се познаваше дека е убиствено расположена. Колку и да сакаше да скрие по подвижноста и се познаваше дека набрзо ќе стане самурај, па бастунчето ќе го замени со патерица,односно помоќна сабја.

Во целата таа гужва и турканица пред вратата таа ја збележа својата лута соперничка, соседката од другата страна на улицата која исто така наликуваше на нинџа но оваа повеќе беше накај родот хипи нинџи нејзината шамиија беше со цветови а и целото кимоно што го носеше беше цветно. Безразлика хипи или не и таа си ја носеше својата сабја

-Аха и ти дојде, натемате?!-фрли една од нинџиските проклетства врз соперничката.

-Гледаш како е кога не знаеш да си ги воспитуваш своите потомци?-врати хипи нинџата-Јас ги разбркував бидејќи тоа што го првеа беше опасно оружје за нашиот род а видиш ти баш ти која ми се лутеше го осети тоа и се лизна нели? Така до бесконечност траеше нивната борба. А пак на спроти нив седеше еден помлад човек со болен израз на лицето и поглед свртен во својата нога на која се надеваше дека после доброто триење од надрилекарот ќе може да си појди дома пеш и да го земи синот да го однеси на блискиот рид за да се санкаат по падините. Кутар човек и кутро дете што чекаше на татка си да се врати. Не знаеа тие дека вода во колено не се лечи баш така брзо и со триење.

Нема коментари: