недела, 6 април 2008

МУАБЕТ

Сериозноста на секој муабет можеш да ја прецениш… но малку потешко на оној кој цело време гледа широко, а зборува длабоко, слуша безцелно, а неговиот изоштрен мирис би препознал и чиј гас т.е. од чиј стомак излегол гасов што неколку денови ми се вртка низ собава. А пак како за беља надвор застуди па луксуз ми е да излуфтирам-проветрам. Е тој човек, не тој кој си го оставил своето невидливо наследство во мојата соба, туку онај другиот, кој ќе препознае, еден ден ме запрепасти со неколку негови реченици. Едноставно ме остави без слогови, зборови и понатаму било каков вид посложени видови на говорни дела. Цела работа е во тоа што во неколку наврати, на секја програма на телевизија, на секои можни вести, кажуваа за најактуелната случка на денот. Не е битно дали беше лоша или добра, ама беше запрепастувачка. Не можев да си го соберам срцето ни умот од што ми се разлета по тавани и покриви, ко дедо мраз. Следната реченица беше кажана на телевизија: компетентноста на Трајко Велинов во извршувањето на должноста генерален секретар и помлад кафекувар, била доведена во прашање бидејќи на нераспишаниот оглас за примање на помлади кафе пијачи со завршен воен рок (безразлика дали во касарна или планина битно во нашата држава(а предност се сметало лузна о бричење за време на служење војска)) се пријавиле премногу пијачи кои најсовесно и најстручно би ги извршувале своите работи и задолженија, но и тука како за беља на овој конкурс повеќето пијачи биле пијачи на чај. Е сега ударното во целата вест е тоа што партијата ЛиДеПа препозна корупција во суштината на целиот процес од самиот корен провлечен низ министерството за земјоделство низ субвенциите за шеќерна репа, па до секторот за национална безбедност на Бугарија и назат до нашиот помлад кафекувар. Имено семенскиот материјал за посевите со шекерна репа кои традиционално државата го набавува од соседството, оваа година се направило грешка па наместо за шекерна репа било купено семе за маслодајна репа за која субвенциите се барем за два пати повисоки од шеќерната. Дотичниот Трајко Велинов кој инаку бил акционер во фабриката за масло „маслодајна & цо.“ користејќи ги овие сознанија ја злоупотребил својата положба во општеството и е обвинет за тешки кривични дела по здравјето и менталната состојба на неговите соработници и претрпени трауми на мачката од соседната канцеларија. Ова обвинение му е натоварено пораби ужасната состојба во неговата канцеларија, а посебно поради неговиот сервис со филџани за кафе кој не можеше да го пренамени во филџани за чај, а и кога успеваше не беше како што треба бидејќи масниот шеќер (види погоре зошто) не се чисти така лесно.

Судското рочиште трба да биде закажано наскоро но како и во секој корупциски скандал мора да има препрека, во овој случај беа две на број. Првата беше неговиот пасош и државјанство од Доминиканската република, а втората и најголема причина беше имунитетот кој му беше стекнат од двата Депопени кои ги доби при неговото назначување на оваа должност. Сето траеше со часови пред портите на случајно затекната куќа со бела порта и натпис нешто во врска со Траѕпаrecy некоја интернацинала и тн. Пред која се појави господинот Јане Макароли и мафташе со некои бели листови кои очигледно беа рецептите од депопените и по некој упат од матичната, и викаше „Ова е невидено“ „Скандал за поредокот и мултивитаминоста на нашата држава“ „Ќе кажам кај тетка ми од америка која и онака е секако тука па ќе видиме на каде ќе тргне целава оваа работа, да видиме после какви луге и со кои критериуми ќе ги одбираме луѓето кои го варат кафето“………… Драги гледачи ја пркинуваме програмата за да ја соопштиме веста на денот: Америка го нападна Иран- црвеното копче е стегнато- ракетите ќе летаат над нашите глави но не плашете се нас не брани големиот брат бидејќи имаме прекрасни добрососедски прекуатлански односи со него. Да живее големиот брат. Оо, голема грмушко биди ни водич но немој само да го вклучиш авто пилотот оти ни е страв од височина.

И како што рековме на почетокот. Се проценува сериозноста на секој муабет така и овој ако си стигнал до оваа реченица тогаш треба да поработиш на проценката. Бидејќи моево џабе потрошено време е стварно за џабе бидејќи немам што да работам, а ти белки имаш попаметна работа.

Нема коментари: